Седете дома: Големо невреме викендов и опасност од поплави

t

На убавото и натпросечно топло време во Македонија му доаѓа крајот, што значи дека под влијание на Џеновски циклон, во недела и во понеделник кај нас ќе дојде до поголема промена на времето. 

Метеорологот Славчо Попоски вели дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

„Поради загреаната атмосфера и тоа поради високите температури кои ги имаме овие денови, локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер (над 50/60 км/час), силни електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде покрупен. Најинтензивни врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава (локално над 30 л/м2 воден талог). Од понеделник ќе биде и посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. И во Скопскиот регион очекуваме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме. Апелираме во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, вели Попоски. 

Инаку силно невреме овој викенд ќе има на многу места низ регионот, а можна е појава дури и на суперќелијско невреме. Постои опасност од поплави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…