Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство

t

Во СДСМ во тек е продолжение на седницата на Извршниот одбор што почна на 23 мај, а на која надлежните комисии треба да ги презентираат правилникот и роковникот за предвремените внатрепартиски избори за претседател и раководство на партијата.

На седницата на 23 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција.

Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка, информираа од СДСМ.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, како што информираа од партијата, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со оглед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…