Објавено на:

Седница на Советот за безбедност на Србија утре во 9 часот: Ќе присуствува и Вучиќ

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе присуствува на седницата на Советот за национална безбедност на државата кој го најави на денешниот собир во Белград.

Средбата е закажана за 9:00 часот во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.

Ќе разговараме за тоа што ќе се случи на Косово, а се плашам од многу лоши работи бидејќи знам со кого си имаме работа“, рече Вучиќ на средбата пред Националното собрание.

Тој оцени дека косовските власти намерно го чекале овој ден кога значителен број мажи од северот на Косово дошле во Белград за, како што рече, да ги нападнат општинските згради во Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан.

„И претставниците на Квинт молчеа на сето тоа и сега го осудуваат, кога Албанците завршија. Потешка криза не сме имале. Штом заврши оваа средба, ќе имаме состанок на Советот за национална безбедност и се плашам од многу лоши работи“, изјави Вучиќ, пренесува Танјуг.

Ни претстои најтешкиот период околу Косово, не притиснаа на ѕид, ќе го чуваме мирот, ќе се борам за секоја секунда мир, но првиот напад врз Србите на север, Србија нема да седи со скрстени раце , нема да ги протерате Србите, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека поради се што се случува заедништвото и единството се попотребни од било кога. Претседателот им се заблагодари на граѓаните кои масовно дојдоа пред парламентот, а тие му скандираа „Ацо, Србине“.

Само треба да ви кажам дека кога сме обединети и заедно тогаш никој ништо не ни може“, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…