Седум аеродроми затворени по ерупциите на вулканот Анак Кракатау, на над 270.000 патници летовите им се пренасочуваат
Седум аеродроми во Индонезија, вклучувајќи два што ја опслужуваат Џакарта, денеска останаа затворени поради вулканската пепел од ерупциите на Анак Кракатау. Пепелта од вулканот, кој се наоѓа меѓу островите Јава и Суматра, ја прекри Џакарта и неколку околни области и предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.
Министерството за транспорт соопшти дека повеќе од 270.000 луѓе се погодени од доцнење, пренасочување или откажување на околу 2.300 летови.
Главниот аеродром во Џакарта треба да остане затворен до 18 часот по локално време, заедно со уште шест аеродроми, додека еден аеродром во Јужна Суматра повторно е отворен. Министерот за транспорт Дуди Пурвагандхи изјави дека поради променливите временски услови засега не може со сигурност да се утврди кога нарушувањата ќе завршат.
Експертите предупредуваат дека ветерот ја разнесува пепелта богата со сулфур и силициум, која може да претставува сериозен ризик за авионските мотори, а надлежната агенција оценува дека веројатноста за нови ерупции останува висока.
Властите ги повикаа граѓаните да носат маски на отворено за да избегнат вдишување вулканска пепел, а училиштата во Џакарта и Лампунг ќе преминат на настава од далечина.
Анак Кракатау е еден од околу 130 активни вулкани во Индонезија, а неговата ерупција во 2018 година предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 400 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…