„СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ” – Мисајловски во посета на најелитната единица „Волци“
Министерот за внатрешни работи Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата каде беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.
-Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.
-Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.
Мисајловски посетата ја оствари заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
При посетата, министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за Специјални сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…
Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат…
Доколку Франција испрати свои војници во Украина,…
Нов ценовен притисок во САД: Увозните цени…
Увозните цени во САД во октомври се…
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…