Секое домаќинство може да произведува струја: Стапија на сила олеснетите правила за монтирање соларни панели

t

Со драстично олеснети услови, без поседување лиценца или барање дозвола од општина, од денеска секое домаќинство наместо 4 – ќе може да инсталира фотоволтаици со капацитет од максимум 6 киловати а вишоците да ги продава.

Новиот Правилник за обновливи извори на енергија, кој веќе е во Службен весник, треба да ги мотивира граѓаните спасот од скапата струја и неизвесноста од испорака на гас да го бараат во природата.

Канал 5 исконтактира неколку фирми кои поставуваат фотоволтаици и ја пресмета исплатливоста на инвестицијата. Доколку, хипотетички, поставите панели со моќност од 5 киловати – земајќи ги предвид местоположбата на живеалиштето, поставеноста на панелите и временските прилики, годишно би произвеле околу 5800 kW електрична енергија.

Ако просечната месечна потрошувачка на струја, како што покажа последната анализа на Регулаторна за сите домаќинства во земјава, е 410 киловати месечно или 4920 киловати годишно – значи дека инсталацијата ги покрива потребите за струја, па дури и останува вишок.

За него граѓаните ќе имаат две опции – или да го продаваат на ЕВН или да го чуваат за зимските месеци кога фотоволтаиците произведуваат 4 пати помалку енергија од периодот помеѓу јуни и август.

Ако, согласно сегашната цена на струја за еден киловат, годишно за сметки за струја „одат“ околу 50.000 денари а една фотонапонска централа од 5 киловати чини помеѓу 5000 и 6000 евра – ќе бидат потребни 5 до 7 години за да домаќинството да си ја поврати инвестицијата.

Министерството за економија наскоро ќе распише и јавен оглас за субвенции за фотоволтаици од максимум 1000 евра по домаќинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: Ќе го зголемиме производството на артилериски…

Меѓу причините за овој потег е „високата…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Медведев: Руското производство комплетно ги замени странските…

Кога странскиот бизнис ја напушти Русија, претрпе…