Секое одење на училиште ѝ е ризик по животот: Рафиф од Јемен не се откажува од сонот да стане доктор
Секое утро во шест часот, десетгодишната Рафиф и нејзиниот помлад брат се подготвуваат за училиште во јеменскиот град Таиз. Но, за разлика од повеќето деца, нивниот пат до училницата минува покрај една од најопасните фронтовски линии во земјата.
Училиштето се наоѓа на планинска падина, на работ на долина која претставува ничија земја меѓу силите на меѓународно признатата јеменска влада и Хутите. Од едната страна се владините позиции, а од другата снајперисти на Хутите, објавува Би-би-си.
Рафиф секој ден пешачи по угорницата со грбот свртен кон снајперските позиции. Иако признава дека се плаши, таа не сака да престане да оди на училиште. Нејзиниот сон е еден ден да стане доктор.
За неа, училиштето е и една од ретките можности да излезе од домот и да помине време со своите врсници. Нејзините родители ѝ дозволуваат да излегува главно за настава, надевајќи се дека образованието ќе ѝ овозможи поинаква иднина.
Семејството на Рафиф пред девет години избегало од Худајда во Таиз поради војната, но конфликтот ги стигнал и таму. Пред две години минофрлачка граната експлодирала пред нивниот дом, при што Рафиф била повредена.
Опасноста е секојдневие и за наставниците.
„Ситуацијата може да експлодира во секој момент додека седиме во училницата, спиеме или одиме по улицата. Не знаеме што ќе донесе утрешниот ден“, раскажува наставникот Абдел Ракиб ал-Обаиди.
Последиците од борбите се гледаат и во блиската болница „Ал-Рауда“. Би-би-си известува дека тригодишниот Ахмед неодамна загинал откако минофрлачка граната погодила автосервис, а шрапнел му го пробил срцето. Други деца биле тешко повредени.
Околу 3,2 милиони деца во Јемен биле надвор од образовниот систем уште пред најновата ескалација на борбите, додека долгогодишната војна остави илјадници деца загинати, повредени или регрутирани од вооружени групи.
И покрај опасноста, Рафиф секое утро повторно ја облекува училишната униформа и тргнува по истиот пат, решена да продолжи со образованието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан…
Почитувани пријатели, голем број од вас знаат…
МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…
Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…
Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…
Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…