СЕКОЈА ЧЕСТ: Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик!
Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито“ од Скопје е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.
Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Менторка на Котевска и е проф.Кристина Клиафа – Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.
Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелбурн се извини откако го забрани старото…
Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…
(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…
Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…