Секоја чест! Миа Костова организира донаторска акција за да се соберат што е можно повеќе пари за лекувањето на Леонид

t

„Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на овие хумани луѓе, мали бизниси, разни услуги и нивната несебичност“, вели Миа Костова која организира донаторска акција за да се соберат што е можно повеќе пари за лекувањето на Леонид Индов.

Инфлуенсерката Миа Костова организира хуманитарна акција преку нејзиниот профил на Инстаграм, а парите од собраните донации ги намени за лекувањето на Леонид Индов (19) во Австрија, кој лани се здоби со тешка повреда на три пршлена додека со другарите беше на летување во Грција.

Откако таткото на Леонид пред неколку дена кажа дека државата не одобрила 140.000 евра, пари за лекување на неговиот син, во јавноста почна масовно да се споделува број за донации, за да се соберат средствата и да му се помогне на семејството, бидејќи 19-годишното момче е веќе во Австрија.

Таа на својот Инстаграм профил објави повик до сите мали бизниси, компании и поединци, кои се подготвени да дадат некаков производ или услуга како донација, а парите да ги уплатат на сметката за лекување на Леонид, да ја контактираат, па таа ќе ги објави нивните понуди кај себе.

Миа вели дека акцијата засега тече одлично и има огромен одзив, а на нејзиниот профил се стигнати околу 250 донаци за само 5 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…