СЕКОЈА ЧЕСТ! Слободан повеќе од 13 години донира тромбоцити за болните од леукемија: Специфично е, мора да поминете низ 2 работи

t

Кругот на луѓе кои можат да донираат тромбоцити е многу мал поради многуте услови кои мора да се исполнат, објаснува овој херој.

Донирањето тромбоцити на болните од леукемија одамна е рутина за Слободан Драгутиновиќ (41). Рутина која секојдневно ги спасува животите на другите.

Тоа го прави континуирано повеќе од 13 години и не се откажува.

Иако вели дека е специфично, вели и дека не е страшно, и дека треба да се охрабрат и другите да направат сличен потег.

– Донирање тромбоцити за болните од леукемија… Специфично е. Ти ја тестираат крвта (брзо оди), па ти мерат притисок, па ако го поминеш тестот, дури тогаш седнуваш и ти го прикачуваат целиот апарат. Потоа се вадат тромбоцитите, а крвта се враќа. Кругот на луѓе кои можат да дадат е многу мал поради многуте услови што треба да се исполнат. За среќа, повеќе од 13 години никогаш не сум бил одбиен да давам тромбоцити на луѓе кои се борат со оваа опасна болест – изјави тој во својата последна објава.

Слободан Драгутиновиќ, инаку, е од Вождовац, татко е на две малолетни деца, а покрај се‘ и спортува. Човек со големо срце, покажа дека за убавите и хуманите нешта нема граница.

Фото: Фејсбук

Извор: Телеграф

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху планирал нов удар врз Иран, Трамп…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планирал да нареди…

Работник почина од струен удар во Кондово

38-годишен маж од Студеничани го загубил животот…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години,…

Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен…

МЕПСО бара зголемување од 97% на цената…

МЕПСО бара зголемување од над 97 проценти…