СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоковиќ е најдобар спортист во светот – петти пат во историјата!

t

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е добитник на признанието Лауреус кое му се доделува на најдобриот спортист во светот за годината што е измината.

Српскиот тенисер ја освои наградата за 2023 година и петти пат во историјата се закити со престижното признание. Со тоа се израмни со Роџер Федерер кој до вечерва беше единствен што можеше да се пофали со пет вакви награди. Конкуренција на Ѓоковиќ му беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лионел Меси, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс и возачот во Формула 1, Макс Ферстапен.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа вечерва во Палатата на телекомуникации во Мадрид, а Ѓоковиќ ја прими наградата од поранешниот НФЛ играч Том Брејди со кого синоќа во живо го проследи Ел Класико на „Сантијаго Бернабе“.

Наградата која ја доби Ѓоковиќ е апсолутно заслужена ако се има предвид неговиот ефект во 2023 година. Во неа учествуваше на 12 турнири, освои три Гренд слема и вкупно седум пехари на осум финалиња при што загуби само од Карлос Алкараз на Вимблдон. Годината ја заврши како првопласиран на АТП листата, осми пат по ред што е рекорд во тенисот имајќи предвид дека Федерер застана на шест.

Во женска конкуренција, за најдобра спортистка е прогласена шпанската фудбалерка Ајтана Бонмати која со својата репрезентација го освои Светското првенство и ја освои Златната топка за 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…

ПАНИКА ВО АМЕРИКА.. Стејт департментот издаде итна…

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците…

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни,…