Секоја чест! Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од 2.193.047 денари за повредените од пожарот во Кочани
Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализираше и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.

Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.

Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица. Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација. Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред. Иницијативата Support Kocani и понатаму останува посветена на транспарентност, заедничка поддршка и грижа за повредените, сè додека постои потреба, велат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…