,,Секој Македонец и вардарец има обврска да го спаси Вардар, тоа е клуб на народот”
Најтрофејниот македонски клуб Вардар е под закрилата на навивачката група “Комити” кои се обидуваат да стават нови темели и да обезбедат финансиски средства за егзистенција. Жиро-сметката на ФК Вардар е блокирана од ноември 2018 година.
Акцијата на ФК Вардар наречена “Купи сезонски билет” е веќе активирана, синоќа точно во 19.47 часот, цената на билетот е 1.000 денари, а таргетот се продадените билети (33.381 билет) од акцијата пред две години. Сега акцијата е повеќекратно со поголема вредност и би можела да донесе околу 500.000 евра.
12 скопски општини и Градот Скопје треба да застанат во поддршка за Вардар и да дадат одредена финансиска помош. Сепак, акцијата преку “МК Тикетс” треба да докаже колку е голема армијата на навивачи на ФК Вардар.
“Се надеваме дека акцијата на ФК Вардар ќе биде успешна. Секој што се чувствува вардарец, секој што се чувствува Македонец, може да се придружи на големото вардарово семејство”, изјави Милорад Миленковски.
Тројцата капитени на Вардар, Дарко Мицевски, Филип Гачевски и Дарко Глишиќ, присуствуваа на денешната прес-конференција.
“Би сакал да ги повикам сите скопјани, сите вардарци, да се вклучат во оваа акција и да купат сезонски билет за да може ФК Вардар да функционира како што му доликува”, изјави Дарко Мицевски.
Откако Градот Скопје го предаде клубот на Сергеј Самсоненко, а потоа го презеде и Слободан Крстевски, направен е долг од околу 2,8 милиони евра.
– Целата прес-конференција можете да ја погледнете ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…
Грција петкратно го зголемува данокот на имот…
Грчката влада има намера значително да го зголеми…
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…