Села: Бугарите треба да бидат дел од Уставот, тука немаме никаква дилема

t

Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Зиjадин Села бара предвремени парламентарни изброи, но е согласен и Бугарите да се вметнат во премабулата на Уставот на Република Македонија.

Во врска со францускиот предлог за решавање на македонскиот-бугарски спор, Села вели дека не може да коментира нешто што се уште не, како што кажа напишано во хартија.

– Ние сме за предвремени парламентарни избори како единствена можност според нас за да излеземе од ова политичка, интеграциона, економска и енергетска криза. На ова општество му треба промени, а без промена на политичката партија која 20 години е на власт, нема демократија. Без демократија тешко дека може да се стигне до слобода и вистинска демократија, а не каква што е – хибридна или било каква демократија. Се додека немаме предлог во хартија, пишан документ, јас не може да се изјаснам. Јас може да зборувам за нашиот став како Алијанса за Албанците, кој не првпат го искажуваме. Ние перманентно сме се изјасниле дека пристапот што го има Владата во врска со решавањето на проблемот со Бугарија тотално бил погрешен. Не може да се замисли билатерални прашања да решават експерти. Науката е да се занимава со факти, додека компромисот го носат политичарите, изјави Села на прес-конференција.

„АА одамна се изјасни дека во преамбулата на Уставот треба да биде и бугарскиот народ, тука немаме никаква дилема. Ако дојде некој таков предлог, реков не може да зборувам без да го разгледаме што има предлогот, АА е тука за да го поддржи“ – вели Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…