Села свика Централно собрание на АА, прва точка извештај од Таравари

t

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска упати покана до членовите на ова партиско тело за присуство на седница која ќе се одржи во сабота во 13 часот во Ресорт Буши во Скопје. Прва точка е извештај на претседателот на партијата, Арбен Таравари во врска со политичките случувања и разговори во пресрет на парламентарните и претседателските иззбори.

Поканата до медиумите е испратена од официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, поканата до членовите на Централното собрание е испратена и потпишана од организацискиот секретар на партијата Исен Шабани, а на документотза одлуката за свикување на состанокот и за дневниот ред стои потписот на претседателот на Централното собрание, Зијадин Села.

Одлуката е донесена врз база на статотут на Алијанса за Албанците и е во полна согласност со одлуките донесени на Централното собрание одржано во декември 2022 година, стои на документот.

Првата точка по која ќе расправа Централното собрание е извештај на претседателот на партијата за политичките разговори и настани во пресрет на претседателските и парламентарните избори, што значи дека претседателот на Централното собрание, инаку поранешен лидер на Алијанса за Албанците, го повикал актуелниот лидер, Арбен Таравари на состанокот. Kaко втора точка е наведено навраќање и дебата на одлуката на раководството на партијата во врска со излегувањето на партијата на изборите, а која е донесена во октомври минатата година, односно дебата за одлуката за самостоен настап на Алијанса за Албанците, нешто што и натаму го застапува Села и неговите приврзаници.

Дали Таравари ќе дојде на Централното собрание, имајќи предвид до кој степен се заостри нивната комуникација, засега сведена преку Фејсбук, и дали лидерот смета дека веќе ги добил потписите на поддршка за опозициски настап, останува да се види. Кон девалвирање на поддршката што тој ја добил се приклучи и Медиана Амети, член на партиското собрание, која во телевизиски настап рече дека нејзиниот потпис на поддршка на Таравари е фалсификуван и дека таа смета дека седница мора да се одржи.

Останува отворено и прашњето дали ќе дојдат сите 133 членови на ова партиско тело. Можеби Села има план со двотретинско мнозинство од присутните членови на Централното собрание, како што предвидува партискиот статут, да се донесе одлука за разрешување на Таравари од претстедателксата функција.

Како што е познато, Таравари деновиве соопшти дека Алијанса за Албанците ќе му се придружи на опозицискиот блок Европски сојуз за промени, што предизвика бура во партијата и длабок раскол. Во тек е пребројување на тие што се за опозициски настап со коалицирање со Европски сојуз за промени и тие што се за самостоен настап. Се чини дека Села ја има поддршката од шест од осум пратеници и на еден од тројцата министри.

Таравари смета дека веќе мнозинството членови на Централното собрание со онлајн добиени потписи му искажале поддршка, додека Села инсистира дека местото на одлуката според статутот мора да биде седница на Централното собрание.

Дали длабокиот раскол предизвика и низа несакани настани, пред се физичкиот напад врз Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, инаку приврзаник на Села, како и заканата врз лидерот Таравари пред чиј дом беше оставен куршум од калашников, треба да покаже истрагата имајќи предвид дека се пријавени во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…