Семејна драма во велешко: И ставил пиштол на глава на девојка си, пукал во дворот
Напаѓач Х.С. од с.Виничани, полицаец, пукал со службен пиштол, пиштолот и го ставал и на главата на девојката која избегала од него, пукал неколку пати во црепови со цвеќиња и во таван. Информираат извори за Инфомакс, кој велат дека настанот се случил на 22.02.2022 год. во Оризари, Велешко.
Фамилијата на нападнатата девојка сака да го тужи за напад и семејно насилство, но СВР Велес предметот го чува во фиока и не превзема ништо.
Нашите извори тврдат дека на полицаецот му е одземено оружјето, што значи дека неговите колеги во полиција знаат, но сепак, настанот не е објавен ни во службениот билтен на МВР.
Вакви случаеви само не потсетуваат на 23-годишната велешанка Пале, која се наоѓаше во случна ситуација, малтретирана од полициски слубеник кој беше принудена да го убие.
Иако тргичен и трауматичен настан, судот донесе олеснителна пресуда за неа, не затоа што тоа е судска пракса, туку затоа што беше под огромен притисок на јавноста.
Дали треба да чекаме нови убиства во самоодбрана за да дознаваме за вакви настани или конечно институциите на системот ќе почнат совесно и законски да си ја работат работата?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…