Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот син, прилепчанец ја тепал 16-годишната партнерка

t

Татко од Крива Паланка бил насилен кон својот малолетен син, а 16-годишна девојка од Прилеп била малтретирана од партнерот и од неговиот татко, информира МВР.

Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 61-годишен жител на Крива Паланка, поради сомнение дека физички го нападнал својот 12-годишен син.

Според информациите од МВР, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка.

Инцидентот се случил на 29 септември во семејниот дом во кривопаланечко, кога О.Р. физички го нападнал малолетниот син и му нанел повреди.

Во билтенот на МВР е забележано и дека на 05 ноември во 20 часот во ОВР Прилеп, 16-годишно девојче од Прилеп пријавило дека била тепана од нејзиниот вонбрачен партнер и од неговиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…

МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник…

Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај…

Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…

По секојдневните пријави од жени за семејно…

ОЈО постапува по пријава за тешка телесна…

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска…