Семејства ја напуштаат Газа по бомбардирањето – Израелците масовно протестираат
Повеќе палестински семејства го напуштија градот Газа во вторник по ноќта на израелско гранатирање на неговата периферија, додека Израелците започнаа ден на национални протести барајќи ослободување на заложниците и крај на војната во Газа.
Жителите на Газа изајвуваат дека израелските воздушни и тенковски гранатирања продолжиле во текот на ноќта и рано во вторник во источните предградија на градот Газа, Сабра, Шеџаја и Туфа, како и во градот Џабалија на север, уништувајќи патишта и куќи., како што пренесува Ројтерес
„Земјотреси, ги нарекуваме ние, тие сакаат да ги исплашат луѓето да ги напуштат своите домови“, изјавуваат жители на градот Газа.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили дејствуваат во областа за да лоцираат оружје и да уништуваат тунели што ги користат милитантите. И покрај широките протести дома и меѓународната осуда, Израел се подготвува да започне нова офанзива во градот Газа, во она што го опишува како последен бастион на Хамас.
Во израелските напади врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа во понеделник загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи новинари кои работат за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други. Најмалку 34 лица беа убиени во израелските напади во енклавата преку ноќ и во вторник, соопштија локалните здравствени власти, вклучувајќи 18 лица околу градот Газа.
Претходно израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, изјави дека жали за нападот врз болницата во Газа кој се случи во понеделникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејства ја напуштаат Газа по бомбардирањето –…
Повеќе палестински семејства го напуштија градот Газа…
Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на…
Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа…
По повеќемесечна забрана, Германија повторно ќе почне…
Германија е подготвена да ја укине својата…
Мерц: Подготвени сме за нови санкции доколку…
Западните земји се подготвени да го зголемат…
СДСМ: Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа,…
Соопштение за јавност од СДСМ Власта продолжува…