Сензација на ватерполо мундијалот: Европскиот првак елиминиран од тотален аутсајдер
Ватерполо репрезентацијата на Унгарија нема да ги обедини европската и светската титула бидејќи денеска доживеа сензационална елиминација во четвртфиналето од Мундијалот што се одржува во Катар.
Во последниот четвртфинален дуел, Унгарците загубија од Франција со 10-11 иако на полувреме водеа со 7-3, предност што обично за нив значи сигурна победа. Во вториот дел се разбрани голманот Иго Фонтани кој почна да прави чуда на голот, па по третата четвртина Французите веќе намалија на 6-8.
Во драматичниот финиш, Франција израмни и на 10-10, а победничкиот гол, на четири секунди пред крајот го постигна Томас Верну.
Ова е најголем успех за Франција на светските првенства каде лани беа шести, но најголемите успеси во овој спорт, „триколорите“ ги остварија пред речиси еден век. На Олимписките игри во 1924 го освоија златото, а во 1927 година беа европски вицешампиони. Оттогаш не би биле ни блиску до ваков успех. Во полуфиналето, Франција ќе игра со Хрватска која денеска ја победи Србија со 15-13. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанија и Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…
Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…
Кејти Закарија по помалку од една недела…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал новата…
Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте…
Браќа и сестри, да не дозволиме разликите…
БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА…
Шефот на британската армија во обраќање пред…
Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати…
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во…