Сепак УЈП утре ќе работи, генерален штрајк нема да има
Сепак, двочасовниот протест кој трае веќе две недели останува и натаму на сила. И денеска пред седиштето на управата од 10 до пладне можеа да се забележат паркирани службените возила, а граѓаните кои доаѓаа да си ја вршат работата ги пречекуваше известување да дојдат по 12 часот.
Од 10 до 12 часот нема ниту една странка на шалтерите на УЈП, ниту пак некој чека во чекалната, двочасовниот штрајк продолжува, се до изнаоѓање на решение..
Од синдикатот, но и од Владата се оптимисти дека ќе се изнајде решение на проблемот и без да има генерален штрајк, односно проблем, кој особено би се одразил врз граѓаните чии плати, пред да ги земат, мора да поминат низ системот на УЈП. Првиот човек на синдикатот Васе Недановски очекува во најбрз рок медијаторот да го подготвни теренот за средба помеѓу двете страни…
-Ќе ги испочитуваме сите рокови и процедури од причини што ние токму тоа бараме, законито постапување и постапување по колективен, оттука само по себе ние не би требало да работиме надвор од процедурата или од законот кога ние бараме законито постапување и во нашиот случај, така да процедурите ќе течат, деновите се тие, помирувачот е на потег, според мене за 5-6 дена, тоа би било максимумот за кој или ќе се решат работите или ќе се оди на генерален штрајк.–Васе Неданоски – Синдикална организација на УЈП.
Вицепремиерот за економски прашања – Фатмир Битиќи посочи дека во четврток е закажан состанок на економско-социјалниот совет на кој што ќе се разгледа општиот колективен договор со новата методологија, каде смета дека лежи и решението на проблемот со УЈП.
Јас сум оптимист дека решение ќе се најде, дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи затоа што сметам дека тоа што вработените во УЈП, како и сите други вработени во јавниот сектор го заслужуваат е достоинственост на работните места на кои што работат, но и платите кои што ги добиваат и ние сме спремни да разговараме.
И цариниците, како и нивните колеги од УЈП деновиве протестираат со истото барање, односно, исплата на додатокот од 30 проценти како што добија нивните колеги од министерстото за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…