Сепаратистичката реторика во БиХ – Турција е против поделба на Босна

t

Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во Сараево порача дека сепаратистичките изјави не се од корист на никој во БиХ и дека неговата земја е подготвена на јакнење на соработката со БиХ во областа на одбраната, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Делегација на Министерството за национална одбрана на Турција, предводена од министерот Хулуси Акар, денеска ја започна официјалната посета на Министерството за одбрана и на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.

По свечениот прием на делегацијата предводена од министерот Акар во зградата на Министерството за одбрана на БиХ, се одржа официјална средба на делегациите на Министерството за одбрана на БиХ и на Вооружените сили на БиХ и Министерството за национална одбрана на Турција.

Домаќин на посетата на делегацијата на Министерството за национална одбрана на Турција е министерот за одбрана на БиХ, Сифет Поџиќ.

На заедничката прес-конференција Акар му се заблагодари на министерот Поџиќ за топлото добредојде и потсети дека првата активност утрово била посетата на шехидските гробишта „Ковачи“ и на гробот на првиот претседател на Р. БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Акар потсети на изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во секоја прилика повторува дека народот на Босна и Херцеговина е еден народ, една целина.

Министерот Акар повтори дека Турција како балканска земја придава големо значење на мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина.

„Во таа смисла, ние искрено го поддржуваме патот на Босна и Херцеговина кон интеграција во Европската Унија и НАТО“, рече Акар и продолжи:

„Ја користиме секоја можност да ја прошириме и зајакнеме соработката со Босна и Херцеговина во областа на одбраната и на други полиња.“

Тој повтори дека Турција е подготвена на секаков вид соработка со БиХ.

„Исто така, сакам да кажам дека Турција е подготвена за секаков вид соработка со Босна и Херцеговина, дури и кога станува збор за секторот на одбрана, наменска индустрија, во рамките на нашите можности“, рече Акар.

Турскиот министер рече дека сепаратистичката реторика во БиХ никому не му користи.

„Сметам дека сепаратистичките изјави во Босна и Херцеговина никому не му користат. Како што реков, народот на БиХ го гледаме како еден народ и со големо внимание ја следиме ситуацијата во земјата. Ги повикуваме сите страни да реагираат смирено, трпеливо и со дијалог. Веруваме дека постоечките проблеми ќе се решат со дијалог и разговор, бидејќи тоа е најдобар начин за сите во Босна и Херцеговина“, порача Акар.

„Секогаш сме подготвени да го разгледаме секое ваше барање и да помогнеме во секој поглед и на секој начин, вклучително и со посредување, доколку се побара тоа од нас“, изјави тој.

Акар ќе се состане со членовите на Претседателството на БиХ, ќе им се обрати на студентите на Меѓународниот универзитет во Сараево (МУС) и ќе ја посети куќата ЛОТ на турската воена мисија во Зеница, како и турските војници во базата „Бутмир“ во близина на Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција уапси 48 осомничени поврзани со ИСИС…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со Исламската…

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Уапсени 147 припадници…

Во операциите „БОЗДОГАН-17“ спроведени истовремено против терористичката…

Ердоган сака да му помогне на Путин…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Лога: Турција даде рок до кога би…

Министерот за правда Кренар Лога информира дека…

Османи се сретна со новиот амбасадор на…

Министерот за надворешни работи на Република Македонија,…