Септември просечно топол, со просечни количества врнежи
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата.
Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура е за 0,5 степени натпросечна на ниво на државата.
Највисоката максимална температура е измерена на 3 септември во Гевгелија и изнесувала 37,4 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Лазарополе, на 30 септември и изнесувала -0,6 степени. Во почетокот на месецот, од 1-ви до 8-ми, имаше топол бран, со максимална температура до околу 37,4 степени. Потоа беше просечно топло, а во одредени денови постудено.
Според УХМР, во септември месечната сума на врнежи варирала од 21,7mm во Демир Капија до 90,3 mm во Маврово. Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 40mm е регистрирано во Маврово на 10-ти во месецот. Пообилни врнежи имало во средина на месецот. Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е за 13 отсто под просечната на ниво на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција со сите сили ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
Претседателката ја помилува Шефије Јакупи од Зајас,…
По повеќе од 17 години поминати во…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…