Серафимовски на средба со откупувачите на пиперки

t

Во рамки на континуираното следење на откупот на пиперката, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), соопштија од Министерството.

На средбата се разговарало за тековната динамика на откупот, капацитетите за прием и преработка на произведените количини, како и за други прашања поврзани со непречениот тек на целиот процес.

Министерот Серафимовски укажал на потребата од одговорен пристап, транспарентни услови и доследно почитување на законските обврски од сите учесници во откупот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на своите надлежности, продолжува непосредно да го следи откупниот процес и да одржува активна комуникација со производителите, откупувачите и преработувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…