Сериозен воен инцидент: Кинески брод насочи ласер кон австралиски авион – Остра реакција на Австралија
Брод на кинеската морнарица насочил ласер кон австралиски воен авион кој летал над северните приоди кон Австралија, потенцијално загрозувајќи човечки животи, соопшти денеска Министерството за одбрана на Австралија.
Авионот на морнарицата P-8A Poseidon откри ласер кој бил емитуван од бродот на морнарицата на Народноослободителната војска на Кина, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Австралија, пренесува Ројтерс.
„Ласерското осветлување на авион од кинески брод е сериозен безбедносен инцидент. Ваквите активности имаат потенцијал да загрозат човечки животи. Силно го осудуваме непрофесионалното и небезбедно воено однесување“, соопшти австралиското Министерство.
Во моментот на инцидентот, кинескиот воен брод пловел кон исток заедно со друг брод PLA-N низ Арафурското Море, меѓу северниот брег на Австралија и јужниот брег на Нова Гвинеја, соопшти Министерството.
Министерството за одбрана соопшти дека двата брода во меѓувреме поминале низ Торесовиот теснец и впловиле во Коралното Море.
Односите меѓу Австралија и Кина, најголемиот трговски партнер на Австралија, се влошија откако Канбера во 2018 година го избрка Huawei од својата широкопојасна мрежа 5G, ги заостри законите против странско политичко мешање и повика на независна истрага за потеклото на коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…
Кина лансираше девет сателити за научни експерименти…
Кина вчера успешно лансираше девет сателити во…