Објавено на:

Сериозна закана од Иран: „Ќе ги блокираме Средоземното Море и Гибралтар“

t

Пентагон соопшти дека иранско беспилотно летало во саботата го нападнало танкерот „Хем Плуто“ во Индискиот Океан. Иран тврди дека не е точно и му се закани на САД.

Нападнатиот танкер пловел под знамето на Либерија, во сопственост е на Јапонија, управуван од Холандија, а има врски со израелската бродска компанија „Идан Офер“. Според Ројтерс, во нападот нема повредени, иако на бродот избувнал пожар, но тој набрзо бил изгаснат.

Нападот се случил на 200 наутички милји од индиската држава Гуџарат, југозападно од градот Веравал. И т.н. едносмерен напаѓачки дрон е лансиран од Иран, изјави портпаролот на Пентагон.

Руската државна агенција Интерфакс, под контрола на Кремљ, исто така објави дека дронот е лансиран од Иран. Според агенцијата, индиската морнарица испратила авиони и воени бродови да му помогнат на погодениот танкер.

Би-Би-Си, пак, наведува дека танкерот превезувал нафта, а товарот „бил поврзан со Израел, и пловел од Саудиска Арабија кон Индија, соопшти поморската безбедносна компанија „Амбри“.

Проиранските бунтовници од Јемен, Хутите, веќе неколку пати ги нападнале бродовите во Црвеното Море кои минуваат низ теснецот Баб ал-Мандаб, а кои според нив превезувале товар за Израел. Инаку, низ тој теснец минува 40 отсто од светската поморска трговија.

Вашингтон го обвини Иран дека е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против комерцијалните бродови во Црвеното Море и дека Техеран ги „координира“ и ги охрабрува Хутите да ги извршат овие напади. Се претпоставува дека Иран со сите средства сака да го „продолжи“ и прошири конфликтот надвор од Појасот Газа, односно доколку може да го испровоцира Израел воено да реагира и на тој простор, за војната да „стане регионална“.

Повикувајќи се на американски воени претставници, Би-Би-Си пишува дека Хутите извршиле повеќе од 100 напади со беспилотни летала и ракети на 10 бродови во Црвеното Море. Американски воени бродови неодамна соборија дури четири беспилотни летала кои летаа кон нивниот разурнувач во Црвеното Море.

Пентагон објави и дека тие биле лансирани од територијата на Јемен под контрола на Хутите. Цел на напади со беспилотни летала биле три танкери, од кои, според агенциите, два биле истрелани од Јемен, а еден од Иран.

Поради ова, многу компании престанаа да пловат во Црвеното Море, а прва што го објави тоа беше британската нафтена компанија БП. Но, Иран очигледно се обидува да ја дестабилизира целата област на Блискиот Исток, а покрај тоа, дури и се закани дека ќе го блокираат Средоземното Море и Гибралтарскиот теснец, ако, како што велат, САД и Израел не престанат да го напаѓаат појасот Газа.

Ова го изјави заменик-врховниот командант на корпусот на гардата на Исламската револуција, генерал Мохамад Реза Нагди.

„Доколку злосторствата извршени од САД и нивните сојузници продолжат, наскоро ќе започнеме со затворање на Средоземното Море, Гибралтар и другите поморски патишта“, ја цитира агенцијата Тасним изјавата на иранскиот генерал.

Мора да се признае, Нагди не прецизираше како и со какви средства Иран ќе ги блокира водните патишта во Средоземното Море, особено Гибралтарскиот теснец, особено што ниту Иран ниту Хутите потчинети на нив немаат пристап до Средоземното Море, а иранската морнарица нема таквата сила или толку многу бродови што би можеле да ги блокираат го оневозможуваат пловидбата на толку голема површина.

Пентагон ја започна операцијата „Гардијан на просперитетот“ во Црвеното Море за безбеден сообраќај, а десетина земји веќе учествуваат во заеднички патроли во близина на брегот на Јемен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…