Сериозни инциденти меѓу земјоделците и полицијата на Крит – затворен аеродромот во градот Ираклио

t

Аеродромот во градот Ираклио на грчкиот остров Крит е затворен, откако земјоделците успеаја да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до пистата, додека пак инциденти имаше и во градот Ханија, каде што, според локалните медиуми, превртија полициско возило и повредени се две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Ираклио, земјоделците откако се судрија со полицијата која го имаше блокиран патот до аеродромот, успеаја да стигнат до објектот и да упаднат на пистата, по што и беше затворен, а според локалните медиуми од островот, два лета, од Атина и од Родос кон конкретниот аеродром биле вратени назад.

Според истите информации, улиците околу аеродромот се затворени, а патниците кои имаат закажани летови, единствено пеш можат да стигнат.

Инциденти меѓу земјоделците и полицијата имаше и во Ханија, исто така на Крит и исто така во обид насобраните лица да стигнат до аеродромот во конкретниот град.

Информативниот портал „Неа Крити“ пишува дека земјоделците, првично побарале да им се дозволи да стигнат до аеродромот, но откако нивното барање било одбиено следеле сериозни инциденти со камења и солзавец, било превртено полициско возило и повредени се еден полицаец и еден демонстрант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талибанците одбележуваат 5 години повторно на власт,…

Талибанските власти и други официјални лица се…

Семејно насилство, кражби и дрога – Билтен…

На 14.08.2026 година во 11:40 часот, во…

Мицкоски: Имаме работа со безидејна и очајна…

Информиран сум дека неколку лица, повеќе од…

Ги тепал и им се заканувал дека…

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против…

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во…

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени…