Сериозно предупредување од рускиот амбасадор во Лондон!
Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира бидејќи Велика Британија и западните земји продолжуваат да му доставуваат оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.
Андреј Келин изјави за Би-Би-Си дека акциите на земјите од НАТО, а „особено“ оние на Британија, создале ризик од продолжување на војната и појава на „нова димензија“ на непријателствата.
Тој додаде дека Русија има „огромни ресурси“ и иако борбите траат повеќе од една година, неговата земја сè уште не почнала „да дејствува премногу сериозно“.- Русија е 16 пати поголема од Украина. Имаме огромни ресурси, нагласи Келин.
– Порано или подоцна, се разбира, оваа ескалација може да добие нова димензија, а тоа не ни треба и не го сакаме. Можеме да постигнеме мир уште утре, додаде рускиот дипломат.
Прашан за распространетите и зголемени докази за руските воени злосторства, Келин одговори дека Украина е таа што врши воени злосторства. Тој потоа го смени курсот и изјави дека ОН немаат овластување да истражуваат воени злосторства, забележа ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…