Објавено на:

Сериозно предупредување: Франција ги повика своите граѓани да не патуваат на Блискиот Исток поради опасност од ширење на конфликтот

t

Француското Министерство за надворешни работи денеска ги советува француските граѓани да не патуваат во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот МСП на платформата Х изјави дека роднините на француските дипломати во Иран ќе се вратат во Франција и дека на француските државни службеници им е забрането да извршуваат какви било мисии во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии.

Ирански извори изјавија за „Ројтерс“ дека Техеран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранската амбасада во Сирија на начин што има цел да избегне голема ескалација и нема да дејствува избрзано бидејќи Техеран исто така бара прекин на огнот во Појасот Газа.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамед Реза Захеди, и неговиот заменик, како и пет офицери, кои ги придружуваа.

Израел тврди дека не стои зад нападот, а неколку официјални претставници на Техеран претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучително и врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европските банки платиле три пати повеќе даноци…

Европските банки платиле три пати повеќе даноци…

Бугарија гради база за прифаќање на авионите…

Министерството за одбрана на Бугарија е под…

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ja…

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја…

Србија најави унапредување на соработката со Кина

Српската Влада соопшти дека на седницата на…

(Видео) Повторно торнадо во САД, има загинати…

Едно лице загина, а три други се…