Серија апсења за дрога вчера во Скопје, пронајден и пиштол
Серија апсењата поради дрога вчера во Скопје. Само во градскиот парк се уапсени 3 лица, во одделни случаи.
– На 02.06.2023 во 01.20 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
– На 02.06.2023 во 02.05 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
– На 02.06.2023 во 01.40 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни слуачи ќе следи соодветен поднесок против сторителите.
Вчера се апсеше и во Центар и Ѓорче.
– На 02.06.2023 во 05.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
– На 01.06.2023 во 17.20 часот од угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(27) и И.Л.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај Н.А. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.Л. биле пронајдени и одземени 9 куршуми од пиштол 9 мм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД распоредија околу 3.000 војници во Израел…
Околу 3.000 американски војници во моментов се…
Трамп создава нова федерална канцеларија за „суперинтелигенција“…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го најави…
Пет болници во Иркутск под карантин, според…
Во пет здравствени установи во рускиот град…
Професор Атанасовски: Самуил никогаш не бил во…
–Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност…
Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со…
Бугарија е подготвена на разговори, но без…