Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

t

Не престануваат скандалите со непотизам во Владата предводена од Мицкоски. Овој пат се работи за вработување на сестрата на директорот на Службата за општи и заеднички работи – Ивица Томовски. Имено, информациите кои пристигнаа до Левица говорат дека токму сестрата на Томовски е вработена во ОВР-Струга, без никакво претходно искуство во безбедносниот сектор.

Ова не е прв скандал со директорот на владината Служба, која периодов е најактивна во реализирање тендери за егзотично овошје и скапи прошетки на владините функционери. Имено, претходно медиумот ,,Радио Слободна Европа” објави скандал со тендерот на СОЗР за обезбедување на државните објекти. Како што објави тогаш медиумот, тендерот го доби приватната агенција за обезбедување „Праеториан ДООЕЛ”, чиј сопственик Власе Танаскоски е во роднински врски со директорот Ивица Томовски. Освен што директорот на владината служба доделил тендер на свој роднина, скандалозното е и што сопственикот на агенцијата која ќе ги обезбедува државните објекти претходно бил правосилно осуден за трговија со дрога.

Ивица Томовски важи за близок соработник на Мицкоски, а нивните бизнис интереси датираат уште од времето кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ. Тогаш, компанијата „Сити Логистик” (во сопственост на Ивица Томовски) добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски.

Праксата на скандалозни тендери и вработувања по партиска и роднинска линија ја продолжува и оваа влада, додека младите секој ден се повеќе се иселуваат, затоа што компетентноста и стручноста не е никаков приоритет на криминогени партии кои егзистираат врз непотизам и партиски вработувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…

Иран категорично ги отфрли информациите дека во…

ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…

Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…

РТС: Странски компании најавија затворање погони во…

Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…

Европската Унија треба да го забрза пристапниот…

За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…