Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби 2 години затвор, но избегала од Македонија!
Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од Клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство, пишува „Слободен печат“. Според нивните информации пресудата е правосилна.
И покрај тоа што Османовиќ е осудена на 2 години затвор, таа како сопатничка во автомобил сопственост на машко лице излегла од земјава на граничниот премин Табановце уште пред да почнат судењата, па следствено ѝ е судено во отсуство, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.
За неа немало мерки на претпазливост како одземање на пасошот поради опасност од бегство пред да почне судската постапка.
Кривичното дело за кое е осудена младата медицинска сестра е проневера во службата.
Целиот текст на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…