„Сејф Сити“ во Охрид ќе стартува пред туристичката сезона
Во Охрид и Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор „Безбеден град“ (Safe City), наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.
Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона, пишува OhridNet.
Во моментов, четири камери веќе се физички монтирани на автопатската делница Охрид–Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село.
Иако уредите се поставени, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на техничка проверка и тестирање, која веќе е завршена.
Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на овој систем има за цел значително да придонесе кон подобрување на безбедноста на патиштата, преку намалување на сообраќајните прекршоци, незгоди и последици по учесниците во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Дрон со термална камера за првпат бараше…
Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…