„Сејф сити“ и во Атина, за два дена изречени 130 казни
Во Атина почна да функционира новиот систем со „паметни“ камери, а во првите два дена од неговата оперативна примена биле изречени 130 административни казни.
Станува збор за пилот-проект во областа Атика, каде камерите со вештачка интелигенција се користат за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци и за нивно дигитално испраќање до граѓаните.
Според информациите објавени во грчките медиуми, системот официјално почнал да работи во саботата, на 28 март 2026 година, а известувањата за казните веќе се доставуваат електронски преку државната платформа gov.gr и апликацијата Gov.gr Wallet.
Најголем дел од досега регистрираните прекршоци се однесуваат на минување на црвено светло и неносење кацига кај возачи на мотоцикли. Но системот е поставен да бележи и други прекршоци, како пречекорување на брзината, возење или запирање во лента за автобуси, неносење појас и користење мобилен телефон додека возилото е во движење.
Камерите засега се поставени на осум точки со зголемен ризик во Атика, а дополнително има и мобилни камери во десет автобуси, кои се користат за контрола на незаконско движење во лентите наменети за јавен превоз. Целта на проектот, според грчките власти, е намалување на сообраќајните несреќи и подобрување на однесувањето на возачите.
Системот користи автоматско препознавање на регистарски таблички и алгоритамска анализа со вештачка интелигенција, преку која може да се идентификуваат марката, моделот и бојата на возилото, како и видот на прекршокот.
Надлежните органи потоа имаат можност и дополнително да ги обработуваат податоците за да проверат дали возилото е осигурено, дали има важечки технички преглед, дали се платени давачките и дали ги исполнува другите законски услови за учество во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…