Сеќавање: На денешен ден беше роден еден од најдобрите македонски актери Благоја Спиркоски -Џумерко

t

Благоја Спиркоски-Џумерко е роден во Прилеп на 6 февруари 1946 година. Тој беше познат македонски театарски и филмски глумец.

Џумерко бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Добитник е на голем број на награди и признанија:

Награда “Ристо Шишков”
Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
Награда 3-ти ноември
2006 – Награда „Петре Прличко“
2011 – Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”

Починал во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…