Сеќавање: На денешен ден пред една година не напушти нашиот истакнат актер Димче Мешковски

t

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист. Исто така тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Матична сцена на Мешковски била Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди; Награда за најдобра машка улога (за ликот на Секула) во претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски (1979), Награда Војдан Чернодрински за претставата Викенд на мртовци во режија на Коле Ангеловски (1985), Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на „Екран“ (1988), Награда за претставата „Болва в уво“ за најдобра машка улога (1991), Награда „13 Ноември“, Награда „Ристо Шишков“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2007).

Почина на 20 март 2023 година во Лос Анџелес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…