Објавено на:

Се бара доживотен затвор за рускиот војник кој призна дека сторил воени злосторства

t

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.

На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21), пренесуваат француските медиуми.

Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг.

Овоа е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, што почна на 24 февруари.

Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил, Олександр Шелипов, во североисточното украинско село Чупахивки.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…