Се бара екстрадиција на Шеваљ Муареми – се уште нема одговор од ОАЕ

t

Меѓународна потерница за главниот бос на криминалната група „Дуќанџик“, Шеваљ Муареми е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе неколку месеци, како и уште за седум лица осомничени во најголемата полициска акција во поновата македонска историја. По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на Муареми осамна во потрагите по исчезнати лица.

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази на брифинг со новинарите рече дека се во комуникација со властите во Дубаи, каде се наоѓа Муареми и ќе се бара негова екстрадиција.

Но и по неколку месеци од барањето на Абази, Муареми се уште не е испорачан во Македонија.

Како што открива новиот министер за правда Игор Филков на брифинг за новинарите две лица од криминалната група од Грчец се во Обединетите Арапски емирати меѓу кои е и Шеваљ Муареми. За нив е поднесено барање за екстрадиција на кое се уште нема одговор.

-Две лица од групата од Грчец се во Обединети Арапски Емирати, за двајцата се бара екстрадиција, барањето е примено во ОАЕ и засега нема никаков одговор, вели Филков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад во Ормускиот Теснец – погоден…

Нов брод е погоден во Ормускиот Теснец,…

Град Скопје и скопските општини ги наградија…

По повод 5 Октомври – Светскиот ден…

Стојаноски бара Брисел да седне на маса…

Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…

(Видео) Ескалираа протестите пред косовскиот парламент: Солзавец,…

Тензична е ситуацијата пред косовското Собрание во…

Заканата за бомба на летот за Белград…

Патниците на летот на „Ер Србија“ од…