Објавено на:

Се бара оставка или разрешување на Вархеи

t

Група од 12 европратеници од групите на Зелените, Социјалистите и демократите и Левица преку отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бараат оставка од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи.

Во писмото се повикува Вархеи да поднесе „оставка“ или „да биде разрешен“ поради пречекорување на неговиот мандат, со тоа што најави замрзнување на помошта за Палестинците без консултации со владите на ЕУ.

Се наведува дека еврокомесарот Вархеи нема овластување за ова прашање еднострано да одлучува, ниту пак официјално да го објави на своите налози на социјалните мрежи и дека одлуката не е донесена во соодветниот процес.

Се потсетува дека не е првпат Вархеи да ја „преминува границата“ и да оди против интер-институционалните правила.

Во писмото се наведува и дека многу од европратениците уште во февруари побараа негова оставка, откако на пленарната седница на Европскиот парламент тој им кажал дека се „идиоти“.

„Не ги одобруваме навредите што Вархеи ги упатува кон институциите на ЕУ и нивното демократско функционирање. Затоа бараме комесарот да поднесе оставка или да биде разрешен“, се инсистира во писмото.

Отвореното писмо до Урсула фон дер Лајен во текот на денешниот ден ќе биде предадено до Фон дер Лајен, за бриселски портал потврдија од кабинетот на францускиот европратеник Мунир Сатури, кој е еден од потписниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да…

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…

Грчки министер поднесе оставка поради истраги за…

Грчкиот министер за миграција Макис Воридис денес…

САД најавуваат нова „црна листа“ за Западен…

Соединетите Американски Држави најавуваат подготовка на нова…

Муцунски во одбрана на политиките на Трамп:…

Издвојувањето на 5 отсто од буџетот за…

Има ли кривична одговорност кај директорката на…

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори на прашањето…