Се бара притвор за Зекири: Осомничен дека ја оштетил државата за 800 илјади евра
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. А1он дознава дека се работи за генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири.
Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.
Според наводите на порталот, Зекири го оштетил буџетот за неверојатни 800 илјади евра, а за случајот е побаран притвор!
Извор: А1 ОН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од пеколна жештина до пороен дожд и…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…
Гилотина е пронајдена во камион во близина…
Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…
Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…