Се бара притвор за пироманот кој предизвика пожар во Ѓорче Петров
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје.
Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…
ОЈО бара забрана за предавање за професорката…
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…
Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…
ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…
ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…
Пироманот што запали две возила пред Бугарската…
Постапувајќи по поднесената пријава во врска со…