Се ближи 8. Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

t

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Пред да тргнете да купувате подарок за огнените дами, добро слушајте за што зборуваат, што сакаат и планираат да купат, а потоа изненадете ги.

Добра идеја е да им уплатите некое патување или третман во спа центар. Накит нема да одбијат, но нека не биде претенциозен.

Романтична вечера во некој убав удобен ресторан. Исто така, можете сами да им направите вечера, сервирана со свеќи, добро вино и многу бакнежи…

Жените кои припаѓаат на огнените хоропски знаци наизглед се јаки и самостојни, но во суштина се кревки и нежни.

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Овие дами обожуваат слатки, но и добра храна. Тие се најголеми гурмани во хороскопот. Затоа, резервирајте вечера во нејзиниот омилен ресторан. Можете да земете и нешто слатко.

Можете и сами нешто да подготвите, но не претерувајте со романтична атмосфера, бидејќи тие не сакаат многу тоа.

Овие жени се деловни и можете да им подарите нешто поврзано со работата како, квалитетно пенкало, интересен календар или торба за компјутер.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

Со овие жени морате внимателно, не смеете да претерувате.

Тие најмногу сакаат ситници како добра книга, нешто слатко, миризлива свеќа, марама или шал.

Исто така, можете да ја однесете на театар, во кино, на некоја изложба.

Водени знаци: Рак, Шкорпија, Риби

Овие жени сакаат изненадувања. Затоа не ги прашувајте што сакаат, едноставно изненадете ги!

Добро вино е одличен подарок за нив, а може и парче долна облека.

Можете да ја однесете на романтична вечера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…