Објавено на:

Се буди Французинот: Националистите излегуваат на протести против насилните демонстрации

t

Собири пред општинските згради ширум Франција денеска започнаа низ целата земја, по неодамнешниот напад врз домот на градоначалникот во пошироката област на Париз.

Собирот започна во Нантер, градот каде што полицијата го уби 17-годишниот Наел пред речиси една недела. Убиството предизвика насилни протести низ Франција.

Градоначалникот на Нантер, Патрик Жари, денеска изјави дека ноќите биле тешки за жителите по убиството на Наел и додаде дека ова континуирано насилство е неприфатливо.

– Време е да се смири ситуацијата – додаде Жари, кој ѝ се заблагодари на бабата на убиеното момче која во неделата повика на мир.

По неколку ноќи насилство поради смртта на 17-годишното момче, демонстрантите во текот на викендот ја скршија вратата од куќата на Винсент Жанбрун, градоначалникот на Е-ле-Роз, во јужната периферија на Париз.

Сопругата на градоначалникот и едно од нивните две мали деца се повредени додека се обидувале да побегнат од напаѓачите кои со автомобил ја скршиле влезната врата од куќата. Градоначалникот не бил во својот дом во моментот на нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…