Се градело без одобрение за градба: Апсења на функционери и инвеститори во Белград!

t

Поранешниот секретар на Секретаријатот за легализација во Белград, Немања Стајиќ, е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека одобрил легализација на голем број дивоизградени објекти.

Меѓу уапсените е и Новак Стајиќ, брат на Немања Стајиќ, објавија српските медиуми.

Ова не е првпат Немања Стајиќ да има „проблеми со законот“. Антикорупцискиот тим на Демократската партија на Србија во 2018 година поднесе кривична пријава против Стајиќ затоа што, како што тогаш наведоа, 52 станови и простории биле регистрирани на функционери на Српската напредна странка и нивните соработници со што ги прекршиле сите прописи.

Во јануари 2021 година, тој беше приведен на границата со Црна Гора. Полицијата потоа кај повеќе државјани на Србија, меѓу кои и тогашниот градски секретар, пронашла и запленила повеќе од 26.000 евра, пет лаптопи и 11 српски знамиња. Стајиќ тогаш изјави дека „биле приведени и малтретирани само затоа што се Срби“.

Обвинителство: Шест лица се уапсени за градење без одобрение за градба


Во акцијата за сузбивање на дивоградбата, по наредба на јавните обвинители на Третото основно јавно обвинителство во Белград, а во соработка со полициските службеници од полициската станица во Нови Београд и градежните инспектори од одделението за градежен инспекциски надзор на град Белград, уапсени се шест лица кои се осомничени дека сториле кривично дело од чл.2 и 1 со ваквото противзаконско постапување во својство на инвеститор изградил четири станбени згради во Ледине, без претходна издадени одобренија за градење.

Решението за задржување е донесено против обвинетите А.Л. (роден 1978 г.), П.Ж. (роден 2002 г.), З.Н. (роден 1971 г.), А.Н. (роден 2002 г.), Н.М. (роден 1996 г.) и К.М. (роден 2001 г.).

Обвинетите ќе бидат сослушани на 21.02.2025 година по сите околности наведени во кривичната пријава. кога ќе бидат изведени пред јавните обвинители на Третото основно јавно обвинителство во Белград, стои во соопштението.

Неколку инвеститори се уапсени под сомнение за дивоградба, поврзана со овие злоупотреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави голема воена парада во Белград…

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…

(Во живо) Крстевски: Ги повикувам премиерот и…

Централната власт, откако сум јас градоначалник, нема…

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…

Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…