Се е договорено: Лидерската средба е закажана за во среда

t

Лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски закажана е за во среда.

„Ве информираме дека на покана на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, се вели во соопштението од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…