(Вонредна вест) Се е договорено?! – Макрон тврди, најдовме решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија
Францускиот претседател од Мадрид изјави дека е најден компромис за спорот меѓу Скопје и Софија. Деталите се уште не се познати.
Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.
„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.
Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје.
Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи.
Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.
Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…
Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…