Објавено на:

Се е спремно: Кралицата Елизабета има подготвен говор доколку избие Трета светска војна, ова е една од верзиите

t

Кралицата Елизабета Втора има подготвено голем број говори за големи настани, што подразбира и говор кој ќе го одржи доколку дојде до Трета светска војна.

Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година за време на Студената војна, а на јавноста ѝ стана достапна во 2013 година кога ја објави Националниот архив на Велика Британија.

Одредени делови од говорот се застарени, но се смета дека неговата суштина ќе биде искористена доколку дојде до нова војна. Текстот на говорот кој го пренесе „LadBible“, ви го пренесуваме во целост:

„Никогаш не ја заборавив тагата која ја чувствував додека тој кобен ден 1939 година го слушав својот татко (Џорџ Шести) како вели дека започна Втората светска војна. Не ни помислував дека еден ден и јас ќе морам да го кажам истото. Меѓутоа, какви и ужаси да нè чекаат, сè што нѝ помогна да ја зачуваме нашата слобода веќе двапати во текот на овој век, повторно ќе нѝ помогне да преживееме.

Сите знаеме дека сега се соочуваме со поголеми опасности од претходно. Непријателот не е војникот со пушка ниту авијатичарот кој лета над нашите градови и села, туку злоупотребената технологија која има смртоносна моќ.

Затоа мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат сами, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им пружи надеж на оние на кои им е потребна. Додека заедно се бориме против злото, да се помолиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да се. Бог нека ве благослови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите го бомбардираа Чернихив: Загинаа најмалку 13…

Русија изврши напад со три крстосувачки ракети…

(Видео) Штрајк на вработените во Национални шуми

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелира…

Вработените во Геријатрија се пожалија на катастрофални…

Повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за…

Тешко повреден пешак

На 16.04.2024 во 21:30 часот во Полициската…

На фронтот во Украина загинале повеќе од…

Анализата на Би-би-си покажува дека во Украина…