СЕ ЖАЛЕШЕ ДЕКА ПОРАДИ ИНФЛАЦИЈАТА МОРА ДА ЖИВЕЕ СО РОДИТЕЛИТЕ: Гувернерката на турската централна банка поднесе оставка
Гувернерката на турската централна банка Хафизе Гаје Еркан преку соопштение на социјалната мрежи „Х“ објави дека поднела оставка. Претседателот Реџеп Таип Ердоган на нејзино место го назначи Фатих Карахан, пренесува БТА.
Карахан досега беше заменик-гувернер на турската централна банка. Има докторат на Универзитетот во Пенсилванија и речиси една деценија работел во Банката на федерални резерви на Њујорк. Карахан исто така бил предавач на Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Њујорк, а бил и главен економист на Амазон во 2022 година.
Хафизе Гаје Еркан поднесе оставка откако беше јавно обвинета за непотизам односно за овозможување бенифиции и привилегии на членови на нејзиното семејство. Таа тоа го негира, а оставката ја образложи како неопходен чекор да го заштити своето семејство од „рушење на угледот“.
Во пораката до медиумите Еркан објаснува дека побарала од претседателот Реџеп Тајип Ердоган „да биде ослободена од должноста, која со чест ја извршувала уште од првиот ден“.
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек ја оцени оставката на Еркан како нејзина лична одлука и најави дека економската програма ќе продолжи без прекин.
Хафизе Гаје Еркан беше првата жена шеф на турската централна банка, позиција на која беше назначена од претседателот Ердоган во јуни минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…