Се запали возило на бензинска пумпа во Марино, повреден млад работник
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 19:40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од населбата Илинден.
Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди. Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско.
Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е автомобил за кој се сомнева…
Одделот за криминалистичка полиција и Вишото јавно…
Идентификуван напаѓачот во Модена: 31-годишник повреди седум…
Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена…
Се заби со автомобил во пешаци во…
Седум лица беа повредени во саботата кога…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
СКАНДАЛ ВО ТОЈОТА Ги фалсификувале тестовите за…
По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше…