Објавено на:

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој

t

Преговорите меѓу Израел и Хамас за обезбедување примирје во Газа и размена на заложници се во застој што придонесува за дополнителна ескалација на ситуацијата на блискиот Исток.

– Поминуваме низ чувствителна фаза со одреден застој и се обидуваме колку што е можно повеќе да го решиме тоа – изјави денеска катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани на прес-конференција со романскиот премиер Марсел Чолаку.

Катар, заедно со САД и Египет, е ангажиран во неколкунеделни разговори за да се обезбеди примирје во Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

-Преговарачите се обидуваат да стават крај на страдањата што ги доживуваат луѓето во Газа и да ги вратат заложниците – рече шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

Во меѓувреме се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток во очекување на нови ирански напади и одговор од израелска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мадуро: Војната на Украина против Русија е…

САД планираат и иницираат воени конфликти ширум…

Петар Грашо и сопругата Хана го очекуваат…

Откако пред година и девет месеци станаа…

Шолц: Крајно време е Црна Гора да…

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба…

Кин го „пофали“ Халанд: Има напредок, сега…

Ерлинг Халанд неодамна доби критики од легендарниот…

(Фото) Aпасиев: За секој случај, да не…

За секој случај, да не треба да…