Се исплашија од Путин? Албанија ќе го екстрадира во Русија криминалецот Кокунов
– Судот во северниот албански град Скадар даде зелено светло за екстрадиција на рускиот криминалец баран од Интерпол, Игор Кокунов, познат под псевдонимот „Васја бандит“.
На судското рочиште поротата одлучи да го прифати барањето од руското Министерство за правда за екстрадиција на Кокунов, кој беше уапсен во август на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница.
Во меѓувреме, Русинот побара политички азил во Албанија, тврдејќи дека животот му е во опасност во Русија, но судот не го зел тоа в предвид и одлучил за екстрадиција.
Кокунов во Русија е обвинет за тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор од над 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…